Аплицирај веднаш!

Бесплатна за сите

наменета за млади од 15-29 години

над 400 попусти

Европската младинска картичка е картичка со попусти и поволности за млади од 15 до 29 години, во различни категории. Картичката им дава можност на младите да патуваат, запознаат нови луѓе и да склопат нови пријателства низ цела Европа. Исто така, преку картичката младите можат да се едуцираат, да научат нови работи и да ја започнат својата кариера, да направат вистинска промена во заедницата, да бидат добро информирани и активни граѓани кои го обликуваат општеството. Младите треба да го искористат својот целосен потенцијал, да бидат повеќе и да прават повеќе. Европската младинска картичка е проект на Агенција за млади и спорт.